ПРОЕКТ



Микро го поддржува развојот на основни и трансверзални вештини (како претприемништвото, способноста за функционирање во Внатрешниот Пазар на ЕУ, само-вработување) на иновативен начин: иновативниот метод на МИКРО се потпира на неговиот пристап “од дно-нагоре” и пристап што е поттикнат од побарувачка притоа консолидирајќи ја експертизата на практикувачи на стручно образование и обука и технички експерти. Иновативниот метод исто така се потпира на отворениот пристап кон искористувањето на резултати, така што МИКРО станува отворена платформа не само за тренинг и градење на капацитети, туку и за вмрежување, олеснување на преку-гранични трансакции и наоѓање партнери за рурални микропретпријатија низ ЕУ.

МИКРО исто така го поддржува развојот на високо квалитетни работно-ориентирани VET решенија што се блиску до –ако не и веќе вградени- во пазарот на труд и можат да бидат имплементирани во работно- ориентирано ниво во постоечките микропретпријатија (за да се зајакне конкурентноста на постоечките занаетчиски-тип на претпријатија и микропретпријатија да се приклучат во внатрешниот пазар на ЕУ и преку-гранични трансакции.

МИКРО ја поддржува интеграцијата на дигитални решенија и ИКТ во учењето, предавањето и обучувањето со развивање, тестирање и потврдување, и конечно имплементирање на голем план Отворен Образовен Ресурс што ќе овозможи резултати од проекти да бидат лесно видливи..

Микро се обраќа на потребите за капацитет и обука на микро претпријатија во рурални средини во рамките на ЕУ за да ја одржи нивната конкурентност за подобрен раст и вработување. Микропретпријатијата го претставуваат социјалниот и економски ‘рбет на ЕУ; нивната мала конкрентност и недостаток од интеграција во Заедничкиот Пазар на ЕУ е заеднички предизвик што не може да биде решен со изолирани национални (или регионални) интервенции.

МИКРО станува конкретна платформа за соработка помеѓу различни актери поврзани со промоција на микропретприемништво: понудувачи на стручно образование и обука, академија, приватен сектор, олеснувачи и забрзувачи, НВО. Такво сеопфатно партнерство го овластува МИКРО да реагира на итниот предизвик за осмислување и имплементирање на корисни и релевантни алатки за обука што проактивно и практично ги подобруваат микропретпријатијата во рамките на ЕУ

Иновативниот карактер на МИКРО лежи во следниве елементи::

1. Практичен пристап: МИКРО ќе развива иновативна содржина на прагматичен и конкретен начин за да обезбеди практично знаење, вештини и надлежности за целните групи.

2. Пристап воден од побарувачка: Методолошкиот пристап зависи од директното вклучување на крајните корисници и целните групи во различните фази на имплементација на проектот, од анализа, развој и прилагодување на обуката, тестирање и потврдување на курсевите и конечно имплементирање на потврдената обука. Курсевите потоа ќе бидат дизајнирани, тестирани, потврдени и имплементирани со директно вклучување на заинтересираните целни групи, при што целосно ќе се преобрати сегашниот пристап воден од снабдување што се фокусира на снабдувачот а не на крајните-корисници.

3. Мултидимензионален пристап: големата иновација е да се дефинира мултидимензионална методологија што за прв пат ќе ги вгради практичното знаење со конкретна обука и алатки за советување на претпријатија од микро и занаетчиски-тип за да се зголеми нивната конкурентност.

4. Мултифункционален Методолошки пристап што комбинира консолидирани техники за обука со емпириски докази за да произведе непосредно влијание: МИКРО ќе се базира на целни потреби што се веќе идентификувани и потврдени од документи за политика на ЕУ и во индустриска/сектор специфична литература.

5. Партнерство: проектот зближува претставници на целните групи, бизнис асоцијации, понудувачи на услуги за обука и фирми специјализирани за ИКТ да генерираат експоненцијална вредност во резултатите и влијанието на МИКРО.